Менаџерот на Кристал Палас, Патрик Виеира, нема да биде казнет од Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) поради расправија со навивач за време на инцидентот кога фановите на Евертон влетаа на теренот на „Гудисон Парк“ за време на натпреварот меѓу двата тима минатата недела.
По поразот на неговиот тим со 2-3, Виеира со клоца удри навивач пред да го напушти теренот. Двете страни одбија да поднесат формална жалба, а локалните власти не поднесоа обвиненија по истрагата за случајот, објави „Ројтерс“.
Евертон со триумфот обезбеди опстанок во Премиер – лигата следната сезона, што ја предизвика големата радост кај навивачите на „карамелите“.
Фудбалскиот сојуз на Англија и двата клуба се уште ја истражуваат ситуацијата со упадот на навивачи на теренот.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski