Connect with us

(ВИДЕО) Пресврт и убедлив триумф на Шкендија над Тиквеш

Шкендија со пресврт славеше убедлива победа на гостувањето кај Тиквеш во Кавадарци со 4-1, во натпревар од 18. коло на Првата македонска фудбалска лига.

Домаќините подобро го отворија натпреварот и први се заканија преку Тодоров, кој не успеа да реализира од непосредна близина. Тиквеш имаше уште една добра можност од слободен удар на Стојкоски, но без промена на резултатот. Сепак, токму Стојкоски во 24. минута го доведе Тиквеш во водство, откако одлично се снајде во шеснаесетникот и погоди за 1-0.

Шкендија возврати пред паузата. По нафрлување од десната страна и мешаница пред голот, Фабрис Тамба најдобро се снајде и со глава израмни на 1-1.

Тетовци направија целосен пресврт веднаш на стартот на второто полувреме. По изведен корнер, Анес Мелиќи остана небранет на втората статива и со глава донесе водство од 1-2. Шкендија ја презеде контролата врз играта, а во 66. минута Албин Зејнулаи зголеми на 1-3 по асистенција на Љатифи. Конечните 1-4 ги постави Фахд Нзенгуе десет минути подоцна, постигнувајќи го својот втор гол на вториот настап за клубот.

Со оваа победа Шкендија има 42 бода и врши притисок врз лидерот Вардар, кој има три бода повеќе и утре гостува кај Работнички. Тиквеш, пак, останува во опасната зона на табелата, со минимална предност во однос на конкурентите во борбата за опстанок.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови