Connect with us

(ВИДЕО) Омерагиќ: Добивме “фајтер” за селектор, очекуваме нова ера со Седлоски

Гоце Седлоски е нов селектор на македонската фудбалска репрезентација и ќе го има најголемиот предизвик во тренерската кариера, седнувајќи на жешката клупа на националниот тим како наследник на Благоја Милевски.

Легендата со 100 настапи за Македонија ја презема репрезентацијата по вторпат, но првпат како главен селектор. Во претходниот мандат беше в.д. селектор и оствари победа против Литванија.

„Ова е најголема чест и одговорност во мојата кариера. Ќе градиме тим со систем, борбеност и максимален ангажман. Можеби нема секогаш да бидеме фаворити, но секогаш ќе се бориме“, изјави Седлоски, додавајќи дека верува во квалитетот и желбата на фудбалерите.

Дебито на селекторската клупа Седлоски ќе го има во март, кога Македонија гостува кај Данска во Копенхаген, во баражот за пласман на Светското првенство 2026.

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, истакна дека промената е направена поради потребата од нова енергија.

„Му благодариме на Благоја Милевски за сè што направи, но сметавме дека ни е потребна промена. Баравме селектор со фајтерски карактер и го добивме во Седлоски. Веруваме дека можеме да ја минеме Данска – ако не верувавме, немаше да ги правиме овие чекори“, изјави Омерагиќ.

За Седлоски ова е прва репрезентација што ќе ја води како прв тренер. Во клупската кариера ги предводеше Вардар, Хоризонт Турново, Рига, Широки Бријег, Динамо Загреб II, Шкупи, Влазниа и Работнички.

Негов избор го поздрави и Горан Пандев, кој истакна дека Седлоски е вистинскиот човек за функцијата.

„Го знам како карактер и како професионалец. Верувам дека може да ја подигне репрезентацијата на повисоко ниво и му посакувам успех“, изјави Пандев.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови