Connect with us

Вестон Меккени верен на „старата дама“ до 2030 година

Италијанскиот калчолигаш Јувентус го осигура еден од најконстантните и најважни фудбалери оваа сезона. Вестон Меккени потпиша нов договор и ќе остане верен на клубот до 2030 година. Со овој потег, се стави крај на сите шпекулации околу неговата иднина.

Продолжувањето на соработката е резултат и на довербата што му ја дава тренерот Лучијано Спалети. Во Меккени гледа столб во средниот ред, играч способен да покрива повеќе позиции, со енергија, тактичка дисциплина и влијание врз играта – вистинска моторна сила на тимот.

Меккени дојде во Торино во 2020 година, кога пристигна од Шалке 04 најпрво на позајмица, а потоа беше откупен за околу 25 милиони евра. По кратката позајмица во Лидс Јунајтед во сезоната 2022/23, се врати во Јувентус подготвен за поголема одговорност.

Оваа сезона Меккени настапи на 38 натпревари во сите конкуренции, постигнувајќи осум голови и распределувајќи седум асистенции, потврдувајќи дека е еден од најценетите играчи на „старата дама“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови