Баерн Минхен вчера го победи Ајнтрахт Франкфурт со 0-3 и на тој начин испиша историја во фудбалот. За Венсан Компани како играч не треба многу зборови, бидејќи сите знаат каков квалитет имаше.
Најпознат е по времето поминато во Манчестер Сити, каде долго време беше и капитен на тимот. Играчката кариера ја заврши во родна Белгија – во редовите на Андерлехт, каде што го започна и тренерскиот пат.
По успешната епизода во белгиската Јупилер лига, тој го презеде кормилото на англискиот тим – Барнли.
Во дебитантската сезона со Барнли успеа да ја освои Чемпионшип лигата и да обезбеди промоција во елитниот ранг на англискиот фудбал.
Во Премиер – лигата не се прослави и неговиот Барнли експресно се врати во Чемпионшип, но тоа не беше пречка во тренерската кариера на Компани.
Поради стилот на игра кој го негува, си обезбеди работа во германскиот гигант Баерн Минхен.
На почетокот на минатото лето седна на клупата на баварскиот клуб и во дебитантската сезона веднаш ја освои Бундес-лигата со само два порази во 34 натпревари.
И во новата сезона Баерн и Компани започнаа одлично, а вчерашната победа против Ајнтрахт од Франкфурт е историска за фудбалот.
Германскиот гигант славеше со головите на Луис Дијаз и Хари Кејн, и на тој начин запиша десетта победа во десет одиграни натпревари во новата сезона.
Со тоа станаа првиот тим во историјата на петте најсилни европски лиги кој успеал во ова.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal













