Легендарниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер, демонстрира непоколеблив оптимизам во врска со шансите на неговиот поранешен тим да ја освои титулата во Премиер – лигата. И покрај поразот од Манчестер Сити во големото дерби, Французинот е убеден дека „топчиите“ ги имаат потребните квалитети за да ја завршат сезоната како шампиони.
„Верувам дека Арсенал ќе ја освои титулата, верувам длабоко. Мислам дека тоа се темели на здрав разум и добро чувство“, изјави 76-годишниот стручњак.
Венгер, кој ги донесе последните три шампионски титули во клупската витрина (1998, 2002, 2004), не го криеше воодушевувањето од офанзивниот стил што го наметна Микел Артета.
„Сакам да гледам како Еберечи Езе, Мартин Одегард, Каи Хаверц и Нони Мадуеке напаѓаат и се обидуваат со различни решенија“, призна актуелниот директор во ФИФА за развој на светскиот фудбал. Според него, и покрај моќта на Манчестер Сити, „граѓаните“ нема да успеат да имаат перфектен финиш на сезоната, што ќе му отвори пат на Арсенал до шампионската титула.
Во меѓувреме, Пеп Гвардиола останува внимателен, нагласувајќи дека Арсенал сè уште е лидер на табелата.
„Арсенал сè уште е на врвот! Двата тима знаат дека не смеат да губат бодови“, изјави Шпанецот, потенцирајќи го огромниот притисок во трката за трофејот.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal
Прва лига
Оливер Богатинов е нов тренер на Тиквеш













