Пари Сен Жермен ја освои титулата во Франција, но тоа е најмалку што очекуваше раководството на клубот со оглед на огромните вложувања. Покетино и фудбалерите не успеаја да ја реализираат главната цел на клубот, да го освојат трофејот во Лигата на шампионите. Поради тоа, ќе следи голема реконструкција на тимот. Ќе заминат дел од ѕвездите, но и тренерот Маурисио Покетино и спортскиот директор Леонардо.
Искусниот Арсен Венгер кој во изминатиот период работеше во ФИФА, треба да ја преземе функцијата спортски директор, а тој ќе го одбере и наследникот на Покетино.
Зинедин Зидан е проектиран за нов шеф на стручниот штаб за следната сезона, преговорите траат веќе подолг период, но се уште не е јасно дали тој ќе се нафати на предизвикот.
Втората опција е Антонио Конте, за кого француските медиуми откриваат дека самиот се понудил кај раководството да го преземе тимот на ПСЖ од следната сезона. Тој полека сфаќа дека со Тотенхем и не може да направи револуција во Премиер – лигата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Педро Нето останува во Челси до 2032 година













