Connect with us

Венеција со важен триумф против Фиорентина за бегство од опасната зона (ВИДЕО)

Венеција ја оствари петтата победа во Серија А оваа сезона, но многу важна, совладувајќи ја Фиорентина на домашен терен со 2-1. Со овие три бода, Венеција сега скокна над опасната зона на табелата.

Фали Канде ја доведе Венеција во водство во 60.минута, а осум минути подоцна Гаетано Ористанио зголеми на 2-0.

Роландо Мандрагора во 77.минута погоди за Фиорентина, но гостите немаа сили да дојдат и до израмнување.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови