Џани Инфантино не успеа да го протурка проектот за продажба на дел од комерцијалните права за организација на Светското првенство и останатите ФИФА натпреварувања, бидејќи, соочен со планетарен бунт против планираната соработка со родениот брат на зетот на првиот човек на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, експресно ја закопа споменатата идеја, но многу е веројатно дека тоа не е единствената реперкусија од лудата и ненаситна визија за фудбалот на претседателот на Меѓународната фудбалска федерација како стока за продажба.
Уште во реакциите на Конфедерациите, поединците, медиумите, јавноста… провираше ставот дека Швајцарецот овојпат навистина ја премина секоја мера, толку многу што се поставува прашањето за смисленоста и целесообразноста на неговото останување на главната функција во Светската куќа на фудбалот.
Фудбалската асоцијација на Велс отиде и чекор понапред.
„Фудбалската асоцијација на Велс со ова потврдува дека ја повлекува поддршката за кандидатурата на Џани Инфантино за нов мандат на функцијата претседател на ФИФА во периодот од 2027 до 2031 година. Неодамнешните пропусти во управувањето со организацијата, донесувањето одлуки, раководењето, почитувањето на основните вредности, односите со заинтересираните страни, комуникацијата и проценката доведоа до тоа господинот Инфантино да ја изгуби довербата на Фудбалската асоцијација на Велс. Сметаме дека тој повеќе не е личноста која може да го предводи светскиот фудбал. Занемарувањето на најдобрите интереси на фудбалот претставува грешка која не можеме да ја прифатиме“, стои во соопштението испратено до редакцијата на “Скај Њуз”.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Втора лига
Мите Цикарски го засили Пелистер
Интернационалци
Ѓорѓи Мојсов е нов тренер на Земун
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













