Connect with us

Велковски: Македонија е аутсајдер во баражот, но ние веруваме во нашите квалитети

Македонија е хит во Европа со пласманот во баражот за Светското првенство. Дарко Велковски се врати во Ријека, а таму за клупскиот сајт го објасни чувството да се биде дел од елитата.


Тој смета дека Македонија е аутсајдер во пресрет на баражот, но потенцира дека македонските репрезентативци имаат голема самодоверба и се надеваат на нови успеси.

„Остваривме голем успех со ова второ место во групата и баражот. Клучен беше мечот очигледно Романија – Исланд во кој Романците киксираа на свој терен. Нашиот триумф во Ерменија мораше да биде потврден во Скопје против Исланд. Не беше ни малку лесно, имавме притисок. Публиката беше во голем број. Верувавме во себе, но не беше лесно. Поведовме, но Исланѓаните израмнија, а потоа имаа и неколку шанси. Сепак, на крајот постигнавме голови за победа и ова е голем успех за нас. Го поминавме полесниот дел од квалификациите, одиме во баражот каде што реално сме аутсајдери. Сепак веруваме во себе и ќе дадеме се од себе повторно да сме успешни“, изјави Дарко Велковски за веб сајтот на Ријека.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови