Новиот централен напаѓач на Манчестер Јунајтед, Виктор Ѓокереш, настапува далеку под очекувањата и често е цел на критики од навивачите, експертите и новинарите. Во 15 натпревари во Премиер – лигата постигна пет голови, од кои два од пенал.
Сепак, Вејн Руни не го дели тоа мислење и смета дека шведскиот напаѓач придонесува многу повеќе отколку што се гледа на прв поглед.
„Тој прави нешто повеќе отколку што вие го забележувате. Против Евертон, Виктор ги „врза“ централните дефанзивци Џејмс Тарковски и Мајкл Кин, и на тој начин создаде повеќе простор за ‘десетката’ и за крилните играчи. Ѓокереш е многу важен за Арсенал. Тој извршува голема работа помагајќи им на соиграчите. Едноставно не постигна толку голови колку што се очекуваше.
Можеби не е лесно забележливо, не е очигледно, но тој постојано ги држи централните одбранбени играчи во неизвесност. Може ли да игра подобро? Секако дека може. Треба ли да постигнува повеќе голови во овој тим? Да, треба. Но, ако Арсенал на крајот ја освои Премиер лигата, Виктор сигурно ќе има важна улога“, изјави Руни.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Стефан Ашковски ја продолжува кариерата во Иран
Прва лига
Србинот Мирза Делимеѓац го засили Силекс
Евро-фудбал
Един Џеко потпиша за Шалке
Евро-фудбал
Лоренцо Инсиње би можел да се врати во Наполи?
Интернационалци
Стефан Ашковски ја продолжува кариерата во Иран
Евро-фудбал
Донарума експресно го напушта Манчестер Сити?













