Connect with us

Васко Василев го напушти Работнички и потпиша за Струга Трим Лум

Голманот на младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година, Васко Василев, го напушти Работнички и во вториот дел од сезоната ќе настапува за Струга Трим Лум. Тој денеска се раздели со клубот од Дебар Маало и веднаш стави потпис на верност кон стружани.

Василев беше стандарден на голот на Работнички во првиот дел од сезоната, но се вклопи во сивилото на комплетниот тим.

„Романтичарите“ ги очекува тешка борба за опстанок во елитата, додека неговиот нов клуб Струга ТЛ ќе се бори за шампионката титула со Вардар и со Шкендија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови