Connect with us

Василије Костов од Црвена Звезда прави голем трансфер во Интер?

Василије Костов, младиот играч за врска со македонско потекло, продолжува да биде една од најбараните млади фудбалски ѕвезди во Европа. Откако блесна во дресот на Црвена Звезда минатата сезона, 18-годишниот фудбалер со исто темпо ја започна и новата кампања, поради што белградскиот клуб ја постави неговата цена на 20 милиони евра.

Во изминатиот период Костов се поврзуваше со повеќе европски великани, но најновите информации велат дека Интер во моментов е најсериозниот кандидат за неговиот потпис. Италијанскиот шампион сака дополнително да го засили средниот ред и во суперталентираниот фудбалер гледа долгорочно решение, како и потенцијален наследник на Давиде Фратези.

„Нероаѕурите“ имаат и важен адут во преговорите. Поранешниот српски репрезентативец Александар Коларов, кој е прв асистент на Кристијан Киву во стручниот штаб на Интер, е во одлични односи со семејството на Костов.

Дополнително, братот на Александар, Никола Коларов, е менаџер на младиот играч за врска, што би можело значително да го олесни постигнувањето договор меѓу двете страни.

Доколку преговорите завршат успешно, Костов уште ова лето би можел да направи голем исчекор во кариерата и да се пресели на „Џузепе Меаца“, каде што би го облекол дресот на актуелниот италијански шампион.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови