Тиквеш ќе ја отвори пролетната полусезона со дуел против Шкупи, во кој формално ќе биде гостин, но всушност ќе се одигра на стадионот во Кавадарци. Со оглед на ситуацијата во која се наоѓа Шкупи, тимот на Тиквеш е фаворит за освојување на бодовите, но капитенот Александар Вареловски е внимателен и повикува на максимална фокусираност.
„Одработивме одлични подготовки во Анталија, условите што ги имавме таму беа на највисоко можно ниво. Пролетниот дел ни почнува, а со тоа и задачата која секако ќе биде тешка, што е можно порано да обезбедиме опстанок. Нашата цел е да го избегнеме и местото кое води во бараж. Првиот меч е против Шкупи, сите знаеме каква е таму ситуацијата, но и сите знаеме дека секогаш првото коло после пауза е најтешко бидејќи сите екипи почнуват со нова енергија.
Мора да сме бидеме фокусирани и концентацијата да биде на највисоко можно ниво, бидејќи сакаме да стартуваме позитивно и од првото пролетно коло да тргнеме во исполнување на задачата што сакаме да ја реализираме. Посакиваме директен опстанок и што е можно повисок пласман на табелата, а тоа секако подразбира победа на стартот против Шкупи“, изјави Вареловски.
Натпреварот меѓу Шкупи и Тиквеш ќе се одигра на стадионот во Кавадарци, со почеток во 14 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го купи Елиф Елмас!
Интернационалци
Елиф Елмас доби место во тимот на колото во Серија А













