Џејми Варди се осврна на својата едногодишна епизода во италијанска Кремонезе, упатувајќи остри критики кон методите на работа и тренинзите во клубот. Легендарниот напаѓач на Лестер, кој се врати во Англија, без задршка зборуваше за своето искуство во Серија А во првата епизода од својот нов подкаст „Jamie Vardy’s Having A Party“.
Варди, кој во Кремонезе пристигна како слободен играч и постигна седум гола на 29 натпревари во Серија А, смета дека интензитетот на тренинзите во Италија често има спротивен ефект од посакуваниот.
„Каков е италијанскиот фудбал во споредба со англискиот? Ќе ви кажам. Многу е побавен и многу повеќе е насочен кон одбраната. А тренинзите се постојано исти – трчање, трчање и само трчање.
Потоа доаѓа денот на натпреварот, а ти буквално немаш повеќе сила. Не е баш пријатно кога имаш 38 или 39 години. Но не е тоа само поради мене, едноставно така функционираат работите таму. Дополнително, и спортскиот директор постојано се меша во работата, што е навистина лудо“, изјави Варди.
Искусниот англиски напаѓач зборуваше и за важноста на психолошката и физичката подготовка, нагласувајќи дека играчите мора да имаат доволно време за закрепнување меѓу натпреварите.
Како пример ја посочи победата над Болоња.
„Пред мечот со Болоња направивме нешто што во Англија е сосема нормално – добивме слободен ден по претходниот натпревар. Сите излеговме свежи на теренот и победивме со 3-1. Сите беа воодушевени.
Си помислив: ‘Одлично, вака ќе продолжиме’. Но не беше така. Веднаш се вративме на секојдневните тренинзи бидејќи, наводно, следниот натпревар бил многу важен. Како тоа? Секој натпревар е важен, нема разлика. Барем јас така гледам на работите“, рече Варди.
На крајот од разговорот, Варди сподели и лични размислувања за својата кариера и животниот пат.
„Најдобар сум кога уживам во тоа што го правам. Мора да се смееш и да уживаш. Јас секогаш се смеев, дури и кога седев на клупа во пониските лиги. Никогаш не се откажав и на крајот тоа ми се исплатеше.
Фудбалот ме спаси. Имам некаков внатрешен механизам за самоуништување и можев да тргнам по сосема погрешен пат. Можеби ќе завршев и во затвор…“, искрено призна легендарниот англиски голгетер.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Меси „невидлив“ на почетокот против Шпанија!













