Connect with us

Вардарци веруваат во подвиг на реваншот со Рига

Фудбалерите на Вардар веруваат дека можат да направат голем подвиг и да ја елиминираат Рига во денешниот реванш натпревар од второто квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА. Македонскиот шампион не се откажува од борбата за место во следната рунда и покрај негативата од првиот дуел.

„Црвено-црните“ на Националната арена „Тодор Проески“ загубија со 2-3, па сега ги очекува тежок предизвик на гостувањето во Летонија. Сепак, капитенот Азер Омерагиќ е убеден дека Вардар има квалитет да се врати од негатива и да приреди изненадување.

„Пред нас се уште 90 минути и верувам дека ништо не е завршено. Знаеме каков натпревар нè очекува, но исто така знаеме и колку можеме како тим. Во Рига дојдовме со јасна цел – да одиграме храбро, дисциплинирано и да се бориме за пласман понатаму. Ќе дадеме максимум за клубот и за нашите навивачи“, порача Омерагиќ.

Тренерот Кристијан Фабијани верува дека Вардар може да одигра многу подобро и да возврати за поразот во Скопје.

„Пред нас е уште еден европски предизвик. Тактички мора да бидеме уште подобри отколку на претходните натпревари и да ги сведеме грешките на минимум. Притисокот е многу повеќе врз Рига, бидејќи тие играат на домашен терен. Ние мора да бидеме трпеливи, тактички перфектни и максимално концентрирани во сите линии на тимот“, изјави Фабијани.

Натпреварот во Рига е закажан за вечерва со почеток од 19 часот, а Вардар ќе се обиде да стигне до резултат кој ќе му обезбеди продолжение на европската авантура.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови