Connect with us

Вардарци се преселија на подготовки во Италија

Најтрофејниот македонски клуб и актуелен шампион Вардар синоќа пристигна во Норчиа, подготвителната база во Италија, каде што наредниот период ќе се подготвува за настапот во квалификациите за Лигата на шампионите и новата сезона на домашната сцена.

Новиот тренер Кристијан Фабијани засега го нема на располагање целиот тим, но приклучувањето на репрезентативците се очекува утре, така што „црвено-црните“ потоа ќе продолжат да работат во комплетен состав.

Шампионот е планирано во Италија да одигра пет пријателски натпревари.

Вардар е во исчекување на првиот противник во квалификациите за ЛШ, а ждрепката ќе се одржи на 16 јуни.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови