Connect with us

Вардарци се комплетираа во Норчиа, денеска ќе го имаат и првиот тест

Најтрофејниот македонски клуб и актуелен шампион Вардар се комплетираше, откако репрезентативците вчера се приклучија на тимот на подготовките во Норчиа. Петмината членови на националниот тим денеска ќе минат низ процец на медицински проверки и физички тестови, а оние кои веќе се во полн тренажен ритам ги очекува и првиот пријателски натпревар.

Вардар денеска во Фолињо ќе има тест против аматерска селекција на Умбрија.

Тренерот Кристијан Фабијани веќе го одреди и составот. Во Фолињо ќе играат: Диковски – Мишковски, Најдовски, Куестас – Јевтовски, Дурански, Д. Тодоровски, Ф. Цветковски – Иво Марковски, Огнен Јаков, Данев.

Резерви: Велковски, Мурџевски, Бајрами, М. Николов, Митановски.


Сите останати фудбалери ќе имаат два комплетни тренинзи, а утре вардарци ќе имаат слободен ден.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови