Непоразени, цврсти и упорни – Вардарци и натаму го газат својот пат без пораз, серија што трае од 16 февруари. Последниот пораз одамна е минато, а синоќешното реми 2-2 против Ла Фиорита во Сан Марино ја продолжи таа успешна низа. Можеше да биде триумф, но Јанкулов во 93.минута си постигна автогол.
Со вкупни 5-, најтрофејниот македонски клуб сигурно се пласираше во второто квалификациско коло од Лигата на Конференции, каде што ги чека швајцарскиот претставник Лозана.
Вардар зад себе има фантастични пет месеци без пораз на официјални натпревари – вкупно 20 средби, од кои 13 победи и седум ремија. Импресивна форма која го носи потписот на одличниот настап во пролетниот дел од ПМФЛ, како и во Купот на Македонија. А сега – и на меѓународната сцена.
Следниот предизвик е двомечот со Лозана, закажан за 24 и 31 јули, и ќе биде навистина најголем досега. Вардар ќе се обиде да ја продолжи успешната серија и да си обезбеди уште подолго европско лето. Енергијата и мотивот се тука – останува само да се продолжи со истото темпо!
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal
Интернационалци
Елмас го постигна првиот европски гол за Аталанта (ВИДЕО)













