Connect with us

Вардар во битка и за нов лидер, Шкендија по трета победа по ред

Битката за преземање на лидерската позиција на табелата, а во очекување на кикс на Академија Пандев, „вардарци“ ќе ја имаат денеска од 15:30 часот на националната арена „Тодор Проески“ против Силекс.

Во таборот на Вардар посакуваат продолжување на низата победа со што би се одржал ритамот на врвот, иако по убедливата претходна победа од 3-0 против Силекс, кратовци дополнително мотивирани доаѓаат во Скопје верувајќи во позитивен резултат.

А, продолжување на низата победи посакува и Шкендија која пред своите навивачи го пречекува тимот на Струга Трим Лум. Тетовци под палката на в.д шефот на стручен штаб, Ерхан Селими во два натпревари стигнаа до две победи со гол разлика од 5-0 што им дава силна верба дека може да се продолжи во ист стил и на денешниот дуел.

„Двете победи ни носат дополнителен мотив и за дуелот со Струга ТЛ на кој секако одиме на нови три бода. Со претходните две средби покажавме дека сме на добар пат да ја вратиме онаа стара Шкендија повторно“ – вели Селими.

ПРВА ЛИГА – 7. КОЛО (денеска, 15:30 ч.)
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – РЕНОВА (15 ч.)
Скопје: ВАРДАР – СИЛЕКС
Струмица: АК. ПАНДЕВ – ШКУПИ
Тетово: ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ
ВЧЕРА
Велес: БОРЕЦ – РАБОТНИЧКИ 1-1

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови