Миодраг Божовиќ ја започна ерата на клупата на Вардар започна со победа. „Црвено-црните“ го совладаа Арсими со 2-0 на комплексот и му донесоа успешен старт на новиот тренер. Тој мораше да слуша како Комити скандираат против раководството кое го доведе, потоа почна и бојкотот на фановите, а на крајот вардарци сепак стигнаа до трите бода.
Вардар од почетокот ја презеде иницијативата и постепено го наметна својот ритам. Добрата игра беше крунисана во 25. минута, кога Спахиу одлично го проигра Закариќ по левата страна, а тој со прецизен удар од прва ја испрати топката во мрежата на Силјановски.
Со минимална предност Вардар замина на пауза, а во поголемиот дел од второто полувреме недостасуваше вистинска завршница пред двата гола. Тодоровски се обиде да ја зголеми предноста, но неговиот удар заврши над голот.
Потоа се случи 20-минутен прекин, Комитите си заминаа и го почнаа бојкотот, а си замина и најголем дел од публиката.
Арсими во финишот се обиде да се врати во игра. Илјази во 89. минута доби добра можност, но неговиот удар заврши крај голот.
Вардар имаше шанса да го реши натпреварот преку Закариќ, кој не успеа да ја искористи својата прилика. Сепак, конечниот епилог пристигна во продолжението.
Во 102. минута, Омерагиќ одлично го пронајде Спахиу, кој реализираше за 2:0 и стави точка на победата на вардарци.
Така, Божовиќ на најдобар можен начин го започна својот мандат, а Вардар со триумф го потврди статусот на фаворит против Арсими.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













