Најтрофејниот македонски клуб Вардар официјално поднесе иницијатива Јужната трибина на Националната арена „Тодор Проески“ да го носи името на легендарниот Васил Рингов, кој почина на крајот на 2025 година. Во документот доставен до Владата, премиерот Христијан Мицкоски, министерот за спорт Борко Ристовски, МОК и Даниел Димевски, како и до надлежните институции за управување со стадионот, се бара да се оддаде соодветна почит кон една од најголемите фигури во историјата на клубот и македонскиот фудбал.

Васил Рингов се смета за едно од најголемите имиња што ги дал македонскиот фудбал. Својата кариера ја започнува во Беласица, каде дебитира на само 17 години во 1972 година, забележувајќи 12 настапи и еден погодок во првата полусезона. Следната сезона експлодира како прв стрелец и најдобар играч на клубот со 15 голови на 32 натпревари.
Во летото 1973 година заедно со Истатов преминува во Партизан, каде настапува две сезони, по што се враќа во Тетекс (1975–1977) и продолжува да игра во Втората југословенска лига – Исток.
Клучниот момент во неговата кариера доаѓа во 1977 година кога потпишува за Вардар. Таму се етаблира како еден од најголемите фудбалери во историјата на клубот, постигнувајќи вкупно 97 голови и повеќе сезони по ред завршувајќи како најдобар стрелец.
Во 1983 година заминува во Динамо Загреб, а потоа повторно се враќа во Вардар, каде со Дарко Панчев формира еден од најпознатите напаѓачки тандеми во историјата на клубот. Игра и за Ајнтрахт Брауншвајг, по што во сезоната 1986/87 повторно се враќа во Вардар и, иако повреден, придонесува за историската шампионска титула – прва во историјата на југословенската Прва лига.
По завршувањето на играчката кариера останува активен во клубот, прво како помошен тренер, а подоцна и како претседател на Вардар, оставајќи длабока трага и надвор од теренот.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Интер се договори со голманот на Лацио
Прва лига
Оливер Богатинов е нов тренер на Тиквеш













