Најтрофејниот македонски клуб Вардар осигура уште една шампионска титула, откако со минималната победа од 0-1 на гостувањето кај Струга Трим Лум стигна до недостижна предност од шест бода во однос на второпласираната Шкендија, пред последното коло и нивниот директен дуел.
Средбата во Струга практично се отвори уште во петтата минута, кога Стефан Цветковиќ го донесе Вардар во водство. До крајот, гостите имаа уште неколку прилики да го зголемат резултатот, но и со еден погодок беа доволни за да ги освојат трите бодови и да ја потврдат доминацијата на табелата.
Во останатите натпревари, Шкендија славеше со 2-1 против Брера во Тетово, додека Арсими со важна победа од 0-1 на гостувањето кај Силекс во Кратово и официјално го обезбеди опстанокот во елитата. Стрелец на голот за Арсими беше Албион Рамадани во 52.минута, со силен и прецизен удар од дваесетина м,етри.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal
Прва лига
Оливер Богатинов е нов тренер на Тиквеш













