Connect with us

Вардар се раздели со тренерот Кристијан Фабијани

Дебаклот од Шкендија, како и клучните порази на домашен терен против КуПС и против Рига во европската одисеја, му пресудија на тренерот Кристијан Фабијани. Раководството на Вардар донесе одлука за разделба со Аргентинецот откако постигна спогодбен раскин на договорот.

„ФК Вардар АД Скопје и шефот на стручниот штаб Кристијан Фабијани постигнаа спогодбен договор за раскин на договорот, кој стапува во сила веднаш“, соопштија од редовите на шампионот.

Поразот од Шкендија (0-2) и пред сѐ немоќта што ја покажа Вардар на дербито со главниот конкурент за титулата, придонесоа за ваков развој на настаните.

По разделбата со аргентинскиот стратег Кристијан Фабијани, сега Вардар треба да изнајде начин да ги раскине договорите и со дел од аргентинските фудбалери, кои очигледно не се на потребното ниво да бидат вистински засилувања за најтрофејниот македонски клуб и актуелен шампион.

Секако, одговорност треба да понесе и раководството на клубот на чело со Миленко Неделковски, затоа што одлуките за Фабијани и за ангажманот на засилувањата кои очигледно се промашувања, е токму нивна.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови