Најтрофејниот македонски клуб Вардар претстави уште четворица нови играчи во пресрет на новата сезона. Тоа се Јорго Папули, Боби Целески, Христијан Вецески и Матеј Николов.
Јорго Папули е 21 – годишен играч од одбраната кој дојде од романскиот клуб Стеауа. Боби Целески е 25 годишен голман и во Вардар пристигна од ФК Скопје.
Христијан Вецески е 23 – годишен играч од одбраната и средниот ред кој дојде од Пелистер. Матеј Николов е 21 – годишен играч на позицијата лев бек и во Вардар доаѓа како слободен играч.
Сите четворица потпишаа едногодишен договор со „црвено-црните“.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski