Connect with us

Вардар потпиша професионален договор со тројца млади фудбалери

Вардар продолжува да доминира на прволигашката сцена и заслужено се наоѓа на врвот на табелата. Но, „црвено-црните“ не се задоволуваат само со првотимски успеси – клубот истовремено вложува и во својата младинска школа.

Во таа насока, денеска дел од најталентираните млади играчи на Вардар го потпишаа својот прв професионален договор со клубот.

„ФК Вардар е најсериозен фудбалски колектив во земјава, познат по професионалноста и посветеноста кон спортот. Клубот постојано инвестира во младите категории со цел да создаде врвни спортисти – личности кои ќе го оправдаат вложеното и ќе го претставуваат клубот со гордост“, соопшти клубот.

Согласно информациите од ФК Вардар, денеска професионални договори потпишаа тројца младинци: Никола Ристевски (2007), Христијан Јевтоски (2008) и Бљерон Бајрами (2008). Сите тројца остануваат верни на клубот до 2029 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови