Македонскиот шампион Вардар ги заврши подготовките за реваншот против Рига во второто квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА. „Црвено-црните“ во Летонија отпатуваа со негатива од еден гол, откако на првиот натпревар во Скопје беа поразени со 2-3.
Избраниците на Кристијан Фабијани попладнево го одработија официјалниот тренинг на стадионот „Сконто“, каде што утре ќе се одигра решавачката пресметка. Вардарци имаа можност да се запознаат со условите на теренот и ги финализираа подготовките во пресрет на еден од најважните натпревари сезонава.
И покрај негативата од првиот меч, во таборот на македонскиот шампион владее оптимизам дека може да се стигне до резултат кој ќе ја продолжи европската приказна.
Реваншот меѓу Рига и Вардар ќе се игра утре со почеток од 19 часот, а „црвено-црните“ ќе се обидат да приредат изненадување и да обезбедат пласман во следната квалификациска рунда од Конференциската лига.






-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Втора лига
Мите Цикарски го засили Пелистер
Интернационалци
Ѓорѓи Мојсов е нов тренер на Земун
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













