Најтрофејниот македонски клуб Вардар ја одби понудата на шкотскиот Хартс за крилниот напаѓач Касим Роџерс Мато. Шкотскиот тим беше подготвен да плати 350.000 евра, но раководството на клубот веднаш ја одби оваа понуда.
„ФК Вардар АД доби понуда од шкотскиот клуб Хартс за купување на играчот Касим Роџерс Мато во висина од 350.000 евра, но понудата беше одбиена веднаш.
Управата и стручниот штаб на Вардар целат кон освојување на двете титули во македонскиот шампионат, како и кон поуспешен настап во наредните европски натпревари. Поради тоа, продажбата на најдобриот стрелец во лигата, кој досега постигна 12 гола во првата половина од сезоната, воопшто не беше разгледувана“, објавија од ФК Вардар.
Роџерс Мато целосно закрепна од повредата на стапалото, поради која отсуствуваше на неколку натпревари пред крајот на првиот дел од сезоната, и се очекува да се врати во полна форма на стартот од вториот дел од сезоната во Прва МФЛ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal













