Македонскиот првак Вардар го доби финскиот Купс за ривал во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Се чини дека ждрепката во Нион и не беше премногу наклонета, со оглед дека можеа да се паднат и релативно полесни противници.
Вардар ќе биде домаќин на првиот меч, а реваншот ќе се одигра во Финска. „Црвено-црните“ првиот натпревар ќе го одиграат на Арената „Тодор Проески“ во Скопје на 7/8 јули, додека реваншот во Финска е закажан за 14/15 јули.
Купс е тим од финскиот град Куопио, актуелен шампион е на Финска и поседува богато европско искуство, што го прави исклучително тежок и сериозен противник за вардарци.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Меси „невидлив“ на почетокот против Шпанија!













