Connect with us

Вардар ја прифатил понудата на Канзас Сити за продажба на Мато, но и фудбалерот треба да прифати

Вардар сака да го продаде Роџерс Мато на Спортинг Канзас Сити во МЛС – лигата, соопшти денеска клубот, откако вчера шкотскиот клуб Хартс информираше на официјалната страница дека има договор со интернационалецот од Уганда од лето кога тој ќе биде слободен играч.

„ФК Вардар АД реши да ја прифати милонската понуда од екипата на Спортинг Канзас Сити од Канзас, САД. Клуб што се натпреварува во најсилната МЛС фудбалска лига во САД.

Останува сега Канзас и Мато да ги договорат условите под кој тој ќе настапува таму. За очекување е плата од околу 40.000 долари месечно, плус бонуси.


Овој трансфер воедно ќе помогне и на Струмичка Брера која според договорот полага право на 20% од продажбата“, се вели во соопштението од Вардар.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови