Најтрофејниот македонски клуб Вардар објави дека поради зголемениот интерес од повеќе странски клубови за фудбалерот Роџерс Мато, раководството одлучи да постави откупна клаузула од 1.500.000 евра.
„Оваа одлука е донесена со цел да се заштитат спортските и финансиските интереси на клубот и е во согласност со нашата долгорочна стратегија. Вардар внимателно го следи развојот на ситуацијата околу играчот и ќе постапува согласно своите политики и цели“, стои во соопштението на клубот.
Клубот додава дека ќе продолжи со отворена комуникација со јавноста и навремено ќе ги информира навивачите и медиумите за сите значајни новости поврзани со играчот.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













