Натјрофејниот македонски клуб Вардар и актуелниот шампион Струга ТЛ обезбедија завидна предност по првите полуфинални натпревари во Купот на Македонија и со едната нога се веќе во финале иако претстојат и реванши.
Вардар ја победи Брера со 3-0 на Националната арена „Тодор Проески“. Фаустин Сенгор го доведе Вардар го водство во 27.минута, а Мислав Матиќ непосредно пред полувремето зголеми на 2-0. Третиот гол беше дело на Горан Закариќ во 56.минута од дуелот.
Брера имаше свои шанси, но гостите имаа очајна реализација на овој дуел.
Струга Трим Лум ја победи Шкендија на гости во Тетово со 1-2. Флорент Рамадани во 37.минута постигна спектакуларен гол директно од корнер и донесе предност за Шкендија. Но, во вториот дел следеше пресврт.
Хоган Укпа успеа да израмни во 53.минута, а Марјан Радески се погрижи за целосен пресврт во 82.минута од мечот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













