Connect with us

Вардар и Шкендија ќе се судрат веќе во второто коло, новата сезона во Првата лига стартува на 25 јули

Актуелниот шампион Вардар ќе ја започне одбраната на титулата во новата сезона од Првата македонска фудбалска лига со домашен натпревар против Брегалница, откако денес беше објавен распоредот за стартот на шампионатот.

„Црвено-црните“ уште од самиот почеток ќе имаат сериозни предизвици. По премиерниот дуел со Брегалница, во второто коло на арената во Скопје ќе гостува Шкендија во првото големо дерби на сезоната.

Тежок тест за избраниците на тренерот на Вардар следува и во третата рунда, кога шампионот ќе го има првото гостување во новото првенство против Струга Трим Лум, еден од конкурентите за највисок пласман.

Новата сезона во ПМФЛ официјално ќе започне на 25 јули, додека есенскиот дел од шампионатот ќе биде заокружен на 12 и 13 декември, по што екипите ќе заминат на зимска пауза.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови