Дербито меѓу Вардар и Шкендија го привлекува вниманието во денешното 28.коло од Првата фудбалска лига. Актуелниот шампион доаѓа со 12 бода предност во однос на големиот ривал и сака да ја задржи традицијата која ја надградува веќе седум меѓусебни натпревари во кои не знае за пораз.
„Сакаме триумф и имаме сили да го оствариме“, најавуваат од таборот на Вардар.
Шкендија нема да биде комплетна. Подолг период отсуствува повредениот Бесарт Ибраими, кој пред два дена почна со лесни тренинзи, а на голот нема да биде ниту првиот чувар на мрежата Костадин Захов. Неизвесен е настапот и на репрезентативецот Егзон Бејтулаи. Тренерот Ќатип Османи сепак има на располагање доволно квалитетен ростер за да изведе на теренот конкурентен тим.
Ренова и Работнички во Тетово ќе играат важен натпревар кој може да ги продолжи евро-надежите. Доколку Академија Пандев го освои Купот, тогаш и четвртата позиција ќе носи во Европа. „Романтичарите“ посакуваат да влезат во серија по триумфот на Чаир, а Ренова има два порази во последните три меча.
Македонија ЃП и Академија Пандев ќе играат првенствен дуел и можеби и ќе сокријат дел од адутите во пресрет на пресметката во финалето на Купот, а Шкупи на Чаир го пречекува Силекс. Во Струмица, Беласица ќе биде домаќин на Победа.
ПРВА ЛИГА, 28. КОЛО, ДВОЈКИ (16 Ч.)
Скопје: ВАРДАР – ШКЕНДИЈА
Тетово: РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ
Ѓорче Петров: МАКЕДОНИЈА ЃП – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ
Чаир: ШКУПИ – СИЛЕКС
Струмица: БЕЛАСИЦА – ПОБЕДА
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski