Connect with us

Вардар го продолжи договорот со Едиз Спахиу до 2028 година

Напаѓачот на Вардар, Едиз Спахиу, останува дел од најтрофејниот македонски клуб и во наредните две сезони. Офанзивецот ја продолжи соработката со „црвено-црните“, со што неговата иднина во Скопје е обезбедена до летото 2028 година.

Спахиу пристигна во Вардар во зимскиот преоден рок минатата сезона од редовите на Тиквеш, каде една година претходно го освои Купот на Македонија. Историјата се повтори, па напаѓачот и со дресот на Вардар повторно стигна до победничкиот пехар во најмасовното домашно натпреварување.

Станува збор за исклучително брз, експлозивен и тактички интелигентен фудбалер, од кого во таборот на Вардар очекуваат уште многу голови и силни настапи во нападот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови