Connect with us

Вардар доби парична казна од 15.000 евра за навредливо скандирање на навивачите и несоодветната прослава на титулата

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија имаше обемна работа на последната седница, на која покрај случувањата од финалето на Купот на Македонија меѓу Силекс и Шкендија, се најде и однесувањето на Вардар за време на шампионската прослава.

Прославата на новиот шампион предизвика бројни реакции во јавноста откако снимките од некоректното и вулгарно однесување беа објавени на социјалните мрежи и пренесени од медиумите. По разгледувањето на случајот, Дисциплинската комисија донесе одлука Вардар да биде парично санкциониран со 15.000 евра.

„Дисциплинската комисија при ФФМ донесе одлука со која ФК Вардар се казнува со парична казна во висина од 15.000 евра поради навредливо скандирање од страна на навивачите и несоодветна прослава на титулата од страна на фудбалерите. Воедно, Дисциплинската комисија поведе постапка против ФК Вардар поради користење на пиротехнички средства на натпреварот од 33. коло помеѓу Вардар и Шкендија“, стои во соопштението на ФФМ.

Неколку дена по инцидентот, тогашниот шеф на стручниот штаб на Вардар, Гоце Седлоски, јавно се извини за однесувањето за време на прославата на шампионската титула.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови