Connect with us

Вардар декласиран во Тетово, Шкендија зеде бод во Ѓорче Петров

Вардар со убедлив пораз се враќа од Тетово, откако Ренова славеше со 4-0. Овојпат тимот на Александар Васоски беше комплетно надигран и поразен од „гипсарите“, со што го загуби и второто место на табелата.

Шкендија ремизираше со Македонија во Ѓорче Петров (1-1), исто како Работнички со Силекс на арената „Филип Втори“. Академија Пандев славеше во струмичкото дерби против Беласица со 0-1, а Шкупи триумфира против Победа со 3-0. 

Емран Рамадани ја отвори серијата голови за Ренова против вардарци. Во деветтата минута тој го доведе својот тим во водство, а Емануел Мбела четири минути подоцна зголеми на 2-0. Во второто полувреме, Емран Рамадани уште еднаш стрелаше во 48.минута, а серијата ја затвори Влатко Стојановски во 74.минута.   

Шкендија ремизираше (1-1) против Македонија ЃП во Ѓорче Петров. Омар Имери во петтата минута донесе водство за Шкендија, но Робсон да Силва од слободен удар успеа да израмни во 58.минута. 

Љупчо Дориев беше пресуден фактор на струмичкото градско дерби меѓу Беласица и Академија Пандев на кое „пандевци“ славеа со 0-1.. На стадионот „Младост“, Дприев погоди во 19.минута од дуелот.

Работнички и Силекс ремизираа 1-1.. Во 13.минута, голманот Ристо Јанков грубо погреши, беше блокиран кога сакаше да ја дегажира топката, а таа дојде до Бобан Георгиев, кој постигна водечки гол. Во вториот дел, Дејан Блажевски и Баже Илијоски погодија статива, а потоа Работнички израмни од пенал. Фаулиран беше Баже Илијоски, а во 72. минута Дејан Блажевски погоди од белата точка. Во 81.минута, Работнички остана со играч помалку поради исклучувањето на Бугаринот Николај Дилгеров. Тој доби два жолти картони.   

Шкупи беше убедлив против Победа и славеше со 3-0. Муарем Бајрами го постигна првиот гол во 38.минута, Виктор Ангелов зголеми на 2-0 во 50.минута, а Серџо јуниор беше стрелец на третиот гол за чаирскиот состав во 76.минута од мечот.                    

ПРВА ЛИГА, 20 КОЛО – РЕЗУЛТАТИ

РЕНОВА – ВАРДАР 4-0

МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА 1-1

РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС 1-1

БЕЛАСИЦА – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 0-1

ШКУПИ – ПОБЕДА 3-0

Табела: Шкендија 44, Академија Пандев 36, Вардар 35, Работнички 28, Шкупи 27, Ренова 25, Македонија ЃП 22, Силекс 20, Беласица 18, Победа 18.  

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови