Македонскиот шампион Вардар направи голем подвиг во Финска, го совлада КуПС со 0-2 и целосно ја анулира негативата од првиот натпревар во Скопје. Победникот и патникот во следното квалификациско коло од Лигата на шампионите ќе биде решен по продолженијата.
По првото полувреме во Куопио немаше голови, но Вардар заигра многу подобро во продолжението и покажа карактер кога беше најпотребно.
„Црвено-црните“ поведоа во 59. минута со голот на Азер Омерагиќ. Погодокот им даде дополнителна самодоверба на избраниците на Кристијан Фабијани, кои продолжија да притискаат во потрага по втор гол.
Драмата кулминираше во 90. минута, кога Герсон Родригез беше фаулиран во шеснаесетникот. По интервенција на ВАР беше досуден пенал за Вардар, а одговорноста ја презеде Горан Закариќ. Тој беше сигурен од белата точка и го совлада домашниот голман Јоханес Крејдл за 0-2.
Со овој резултат Вардар ја израмни вкупната предност на КуПС од првиот натпревар, па во Куопио ќе се играат продолженија во кои ќе биде решен патникот во следното квалификациско коло од Лигата на шампионите.
Фото: Johanna Pelttari
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Реал Мадрид се фокусира кон Зубименди
Евро-фудбал
Манчестер Сити го претстави Херонимо Рули
Евро-фудбал
Барселона ја зголеми понудата за Родри
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона













