Најтрофејниот македонски клуб Вардар е на два чекори до спас на сезоната и освојување на пехарот во Купот на Македонија, што ќе донесе и излез на европска сцена. „Црвено-црните“ се чини дека имаа најмногу среќа при ждрепката и за ривал ја добија Брера, реално најлесниот противник од сите четири екипи кои останаа во битка за куп-пехарот.
Само пред неколку дена Вардар ја победи Брера со 0-2 во Струмица во првенствен дуел, а денеска (16 часот) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе се обиде да создаде убава предност пред реваншот кој ќе се игра по две седмици.
Сепак, не е без проблеми тренерот на Вардар, Гоце Седлоски. Неговиот избор на напаѓачи ќе биде лимитиран, бидејќи ќе биде без Џибрил Дијанеси и Роџерс Мато. Во една ваква ситуација, напаѓачкиот тандем треба да го сочинуваат Азер Омерагиќ и Едиз Спахиу.
И Брера има промени во однос на минатиот меч, и тоа на клупата. По поразот од Вардар дојде до промена на кормилото, а за нов шеф на стручниот штаб е именуван Панче Стојанов. Тој ќе се обиде да ја извлече сезоната за Брера, која се бори за опстанок во шампионатот и се бори за куп-трофејот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal













