Најтрофејниот македонски клуб Вардар утрово го дозна скратениот список на потенцијални ривали со кои би можел да игра во третата рунда од квалификациите во Конференциската лига, доколку во второто коло го елиминира швајцарскиот клуб Лозана.
Меѓу петте потенцијални противници се победниците од дуелите од втората рунда Актобе (Казахстан) – Спарта Прага (Чешка), Омонија (Кипар) – Торпедо Кутаиси (Грузија), Зимбру (Молдавија) – Астана (Казахстан), Рига (Летонија) – Дила Гори (Грузија), Хибернијанс (Малта) – Спартак Трнава (Словачка).
Ждребот за Конференциската лига ќе се одржи во 14 часот во Нион.

-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













