Новата сезона во Ла Лига ќе донесе низа важни судиски новини, со кои се прошируваат овластувањата на ВАР-технологијата, а воедно се воведуваат и построги мерки против одолговлекувањето на играта.
Според новите правила, ВАР отсега ќе може да интервенира и во случаи кога е погрешно покажан втор жолт картон, кога е санкциониран погрешен фудбалер, како и при очигледно погрешно досуден корнер, доколку грешката може да се исправи пред играта повторно да продолжи.
Во обид да се намали губењето време, играчот што е заменет ќе мора да го напушти теренот во рок од десет секунди. Доколку не го стори тоа, неговата замена ќе мора да почека една минута пред да добие дозвола да влезе во игра.
Измени има и во правилата за медицинска интервенција. Фудбалерите на кои ќе им биде укажана помош ќе останат надвор од теренот најмалку една минута, додека доколку голман неоправдано побара лекарска помош, неговата екипа привремено ќе игра со фудбалер помалку.
Дополнително, судиите ќе инсистираат на побрзо изведување на аутите, а секоја одлука донесена по преглед со ВАР ќе биде јавно објаснета преку разгласот на стадионот, со цел да се зголеми транспарентноста и довербата во судиските одлуки.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Манчестер Сити го претстави Херонимо Рули
Евро-фудбал
Барселона ја зголеми понудата за Родри
Евро-фудбал
Падна договор, Феран Торес прави трансфер во ПСЖ
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона













