Судиите задолжени за системот за видеопомош (ВАР) на неделното дерби на Манчестер се суспендирани и нема да судат најмалку во следното коло од Премиер-лигата, како и на идните натпревари на Манчестер Јунајтед.
Организацијата задолжена за судењето во Премиер-лигата се извини и призна дека станувало збор за „грешка во проценката“ при признавањето на победничкиот гол на Манчестер Сити против Манчестер Јунајтед, кој го постигна Ерлинг Халанд за конечни 0-1.
Мат Донахју и неговиот асистент Блејк Антробус, кои беа задолжени за ВАР, се отстранети „најмалку до репрезентативната пауза“, односно нема да бидат дел од судиските екипи во натпреварите од петтото коло следниот викенд. Можно е дополнително да бидат санкционирани и по завршувањето на паузата.
Покрај тоа, судискиот тандем подолг период нема да биде дел од натпреварите на Манчестер Јунајтед, пренесува „Атлетик“.
Од Премиер-лигата се обидуваат да ја смират ситуацијата по контроверзите кои се појавија по дербито на Манчестер. Во неделата попладне, Манчестер Сити славеше со 0-1 на „Олд Трафорд“ во натпревар кој го одбележа голема судиска грешка со директно влијание врз конечниот исход.
Единствениот гол на натпреварот го постигна Ерлинг Халанд во 60. минута, но погодокот не требаше да биде признат поради офсајд. По интервенцијата на ВАР, главниот судија Мајкл Оливер ја промени првичната одлука и наместо да го поништи голот, го призна погодокот на норвешкиот напаѓач.
Причината за контроверзата е офсајдот на Енцо Фернандез во претходната фаза од акцијата, кој ВАР-судиите не го санкционираа.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













