Connect with us

Ванда Нара и Мауро Икарди чекаат ново дете

Контроверзната менаџерка Ванда Нара и нејзиниот сопруг Мауро Икарди постојано се во медиумите. Некогаш војуваат, некогаш склучуваат мир, час се заедно, час не, но според последните информации од Аргентина – чекаат ново дете.


Ванда наводно е повторно бремена и ќе стане мајка по шести пат, а ова е трето дете со аргентинскиот напаѓач кој моментално настапува во Турција.


Двојката е повторно заедно и се вели дека нејзината бременост е причината поради која решиле да ја обноват врската.


Во меѓувреме, Ванда Нара е бесна што Мауро објави неколку нивни интимни фотографии од патувањето каде се обидуваат да ја обноват својата врска. Нара верува дека некои слики треба да останат резервирани за приватноста и не за сечии очи.


Ова важи и за фотографијата на двојката на која страсно се бакнуваат на Малдиви.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови