Луис ван Гал смета дека финансиските измами на Манчестер Сити придонеле за неговото отпуштање од Манчестер Јунајтед во 2016 година. Тогаш „црвените ѓаволи“ ја завршија сезоната на петтото место во Премиер-лигата и не успеаја да обезбедат пласман во Лигата на шампионите. Градскиот ривал беше пред нив на табелата, а „граѓаните“ се пласираа во елитното натпреварување благодарение на подобрата гол-разлика.
Последниот натпревар на Ван Гал на клупата на Јунајтед беше финалето на ФА-купот, во кое неговиот тим го совлада Кристал Палас. Сепак, само 24 часа подоцна, холандскиот стратег доби отказ, како последица на слабите резултати во првенството. Јунајтед доживеа пад во формата по декември и остана надвор од првите четири екипи, токму поради послабата гол-разлика од Манчестер Сити.
„Во тоа време, пропуштањето на Лигата на шампионите во 2016 година веројатно беше клучниот фактор за моето отпуштање од Манчестер Јунајтед, како и за сите последици и страдања што произлегоа од тоа. Не можам да ја вратам историјата наназад. Дури ни Англиската фудбалска асоцијација не може да го направи тоа“, изјави Ван Гал за „Атлетик“.
Тој додаде дека неговата ера на „Олд Трафорд“ сигурно ќе имала многу посреќен крај доколку конкуренцијата со градскиот ривал била фер.
На прашањето каква казна треба да добие Манчестер Сити, Ван Гал одговори:
„На крајот, за тоа ќе мора да одлучи судијата.“
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум победи и на второто последовно дерби, славејќи против Шкендија Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Големите фудбалери се познаваат на големите натпревари. Струга Трим Лум успеа да ја победи...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Млади репрезентации
Хет-трик на Стефан Ристиќ, голема победа на Македонија У17 против Унгарија
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Интернационалци
Ѓоко Хаџиевски ќе биде нов тренер на Локомотив Софија?













