Connect with us

Ван Дајк: Некои од критиките кон Ливерпул беа скандалозни

По серија од четири последовни порази во Премиер – лигата, Ливерпул конечно го почувствува вкусот на победата, совладувајќи ја Астон Вила со 2-0 во дуелот од десеттото коло на шампионатот. Триумфот дојде во момент кога „црвените“ беа под голем притисок, а прашањата околу формата и психолошката состојба на тимот се зголемуваа со секој натпревар.

По последниот свиреж на „Енфилд“, капитенот Вирџил ван Дајк застана пред медиумите за да ја коментира не само важната победа и првата „чиста мрежа“ по подолго време, туку и притисокот, критиките и потребата од стабилност во тежок период за клубот.

„Мислам дека тоа е прашање на кое тешко можам да одговорам, но да се сочува мрежата недопрена е нешто што одамна не сме го направиле. Изгледа како да помина вечност од последниот пат. Затоа треба само да се регенерираме и да се фокусираме на следниот натпревар“, изјави Ван Дајк по мечот.

„Кога ја поседувавме топката, бевме стабилни. Знаевме дека ќе вршат пресинг со двајца напаѓачи, и бевме свесни дека ако ја надминеме таа прва линија, ќе имаме слободен човек. Требаше да играме побрзо. Направивме добри пробиви зад нивната одбрана, а нашата дефанзивна линија беше стабилна“, продолжи холандскиот дефанзивец.

„Да, дури и кога победуваш, не смееш да ја тргнеш ногата од педалата на гасот. Последниве неколку недели имаше многу врева околу нашиот тим. Немавме многу контрола, но моравме да се справиме со ситуацијата како еден колектив. Некои од критиките беа навистина претерани и скандалозни. Но мора да реагираме заедно, како група, како тим. Јас имам и медиумски обврски, и секогаш повикував на смиреност. Да, тешки неколку недели за Ливерпул и за нас самите, но никогаш не излегуваме на теренот за да загубиме. Понекогаш губиме, но разочарувањето го оставаме зад нас. Во Премиер – лигата, на највисокото ниво во светот, тешко е да останеш смирен, затоа што сите екипи се силни. Мора да направиме сè што е потребно за да се вратиме таму каде што припаѓаме. Сега е време да работиме напорно и со повеќе трпение. Ситуацијата е каква што е. Живееме во свет каде фудбалот е сè – и тоа е она за што можам да зборувам во моментов. Треба да се фокусираме на нашите настапи и да ги оставиме негативните работи зад нас. На крајот на краиштата, според критиките, изгледаше како да се бориме за опстанок – а тоа воопшто не е така“, изјави капитенот на „црвените“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови