Ливерпул во драматичен финиш и со погодок длабоко во судиското надополнување стигна до триумф од 1-2 на гостувањето кај Евертон, зацврстувајќи се на петтото место во Премиер лига – позиција што носи пласман во Лига на шампиони.
Дербито започна со поништен погодок на домаќините по ВАР-интервенција во 27. минута, кога беше утврден офсајд при акцијата што ја заврши Ндаје. Само две минути подоцна следеше казна – Мохамед Салах ја искористи шансата и го совлада Џордан Пикфорд за водство на „црвените“ од 0-1.
Во второто полувреме, Евертон одговори со поофанзивна игра, а Бето донесе израмнување. Ливерпул се соочи со нов проблем кога се повреди Гиорги Мамардашвили, па на негово место застана Фреди Вудман. Сепак, тимот на Арне Слот не се откажа и тргна на сè или ништо, а наградата стигна во 101. минута кога капитенот Вирџил ван Дајк со прецизен удар го реши победникот.
Во уште еден спектакуларен натпревар, Астон Вила на својот „Вила Парк“ славеше со 4-3 против Сандерленд. Херој на домаќините беше Теми Абрахам, кој во судиското надополнување го постигна победничкиот гол. Претходно, Оли Воткинс со два гола и Морган Роџерс беа стрелци за Вила, додека кај гостите погодуваа Трај Хјум, Исидор и Ринг.
Победничката низа ја продолжи и Нотингем Форест, кој со 3-1 го совлада Барнли. Херој беше Морган Гибс-Вајт, кој со хет-трик во периодот од 62. до 77. минута го сврте резултатот. Претходно, гостите поведоа преку Флеминг, но тоа беше недоволно за позитивен исход.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal
Прва лига
Оливер Богатинов е нов тренер на Тиквеш













