Connect with us

Валенсија ремизираше со Рајо, Столе Димитриевски несовладан од пенал (ВИДЕО)

Дуелот меѓу Валенсија и Рајо Ваљекано на „Месталја“ има посебно значење за Столе Димитриевски, кој се соочи со својот поранешен клуб откако пред две години се пресели во Валенсија.

Македонскиот репрезентативец остави длабока трага во Рајо Ваљекано, каде помина шест сезони и моментно е втор странец со најмногу настапи во историјата на клубот.

Натпреварот можеше да започне драматично за Димитриевски, откако во осмата минута беше досуден пенал за гостите. Сепак, Ренди Нтека ја погоди стативата, иако Димитриевски ја прочита намерата и се фрли на вистинската страна.

Неколку минути подоцна, Рајо сепак успеа да ја затресе мрежата на македонскиот голман и поведе со 1-0 на „Месталја“. Но, Валенсија израмни на 1-1 во 40.минута, со голот на Диего Лопез, што беше и конечен епилог.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови