Connect with us

Валенсија ќе го задржи Столе Димитриевски до 2028 година

Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, ќе ја продолжи својата авантура на голот на шпанскиот прволигаш Валенсија. Како што пренесува реномираниот весник „АС“, раководството на клубот од „Месталја“ донело одлука да ја активира клаузулата за продолжување на соработката за уште две дополнителни сезони.

Со овој потег, договорот на македонскиот чувар на мрежата со „лилјаците“ е официјално продолжен до јуни 2028 година.

Столе Димитриевски имаше одлични настапи за Валенсија во последните неколку месеци и за него сериозен интерес покажа Олимпик Марсеј.

Сепак, Валенсија не сака да го загуби македонскиот репрезентативец и ја искористи можноста за еднострано продолжување на соработката.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови