Connect with us

Валенсија ја сопре Севилја на „Месталја“ (ВИДЕО)

Севилја не успеа слави на гостувањето против Валенсија на „Месталја“ и сега заостанува четири чекори зад Реал Мадрид на врвот на табелата во Ла Лига. Валенсија ремизираше 1-1 против второпласираниот тим на табелата во шпанскиот шампионат.

Муктар Дијакаби со автогол во седмата минута и подари водство на Севилја, но, сепак, Гонкало Гуедеш пред крајот на првиот дел го израмни резултатот.

Во финишот, Валенсија остана со играч помалку поради исклучувањето на Хозе Гаја во 89.минута, но успеа да освои бод.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови