Connect with us

Уште една голема ѕвезда доаѓа во Турција: Влаховиќ потпишува за Бешикташ

Бешикташ испрати последна понуда до Душан Влаховиќ и неговите застапници и се обидува да го финализира трансферот во следните часови.

Според последните информации, српскиот напаѓач ја прифатил понудата на турскиот клуб. Влаховиќ би требало да потпише тригодишен договор, со плата од околу 8 милиони евра по сезона, додека со бонусите заработката би можела да достигне и 10 милиони евра годишно.

Влаховиќ е слободен играч откако на 30 јуни му истече договорот со Јувентус. Во Торино пристигна од Фиорентина во јануари 2022 година за 70 милиони евра, плус дополнителни бонуси, но двете страни не успеаја да постигнат договор за продолжување на соработката.

Во последната сезона во Јувентус, српскиот репрезентативец заработуваше околу 12 милиони евра нето годишно, што го правеше најплатен фудбалер во Серија А.

Доколку трансферот биде официјализиран, Влаховиќ ќе добие нов предизвик во Турција, а Бешикташ ќе добие искусен напаѓач без да плати трансферна отштета.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови